четврток, ноември 30, 2023

ОТВОРАЊЕ НА ПРЕГОВОРИ, НОВ ХОРИЗОНТ НА ЕВРОПСКОТО ПОСТОЕЊЕ 

Став: КДП

Сега веќе Северна Македонија и Албанија влегуваат во друга фаза на процесот на европска интеграција. Отворање на разговорите за членство е светлината на крајот на тунелот, надеж за одлучувачки пресврт, за да се отелотворат други вредности и стандарди за граѓаните.

Со многу грчеви и трауматска транзиција, процесот на интеграција веќе има пред себе друг хоризонт, кој веројатно ќе потикнува и афирмира другите политички и генерално општествени транспозиции во синхронизација со парадигмата на функционирање на ЕУ.

 Отворањето на преговорите е долгоочекуван момент, надежна вест за обете држави, но воопшто и за Западен Балкан, бидејќи регионот конечно се впушта во друга димензија на афирмација и култивирање на иднина чии координати сега бараат широк институционален и социјален одраз во насока на интернализирање на системот на вредности што создава простор на слобода и кохерентна благосостојба.

Ова е добра вест, во мрачна и рестриктивна атмосфера на вирусот корона. Вест која поттикнува на натамошен политички ангажман, ангажирање на сите други актери во општествениот живот кон непрекинато култивирање на демократските вредности.

Отворањето на преговорите отвора нов прозорец за европската перспектива на Северна Македонија и Албанија. Европското присуство цело време присутно, но честопати погодено од неодговорни политики, веќе доби нова инспирација, која во процесот ќе треба да се операционализира во добри политики, во европски практики, во институционални рефлексии кои димензиионираат очекувања за демократска нормалност и кохерентно институционално функционирање во согласност со европските концепти и практики.

Отварањето на преговорите, исто така, подразбира многу подлабока политичка и институционална посветеност на целата реформска агенда што доаѓа како препорака од ЕУ. Постојаната интеракција со европските институции во преговарачкиот процес, исто така, дава надеж за промена на умот, за нова перцепција за целата планиметрија на институционално функционирање што веќе треба да биде во ниво на доброто управување, владеењето на правото, објективните информации, борбата против корупцијата и низа други димензии кои и даваат смисла на областа на слободата која е политички димензионирана во принципите и нормите на функционирање во корист на граѓаните.

Еден простор на слобода и перспектива веќе лежи пред двете држави. Процес што подразбира повеќе интеракции, но и креативни синергии да одговорат на сите предизвици во ова не толку лесно патување.

Отворањето на преговорите конечно отвора друг хоризонт на демократски афирмации. Сите ние заедно мора да бидеме дел од овој процес, дел од овој сон, дел од европската парадигма и битие, што подразбира кохерентни вредности, можности и надеж за благосостојба за сите граѓани

 

Të fundit