понеделник, декември 11, 2023

“Флуент” со уникатна идеја: шиење и донирање на заштитни маски

Под мотото „Еден за сите, сите за еден“ наставниот кадар на Центарот за образование „Флуент“, покрај воспитно-образовните активности во форматот „настава од дистанца – онлајн“, почна да ја спроведува и добротворната акција со цел придонес кон заштитата на здравјето на граѓаните.

“Како институција која брои значителен број на кандидати и наставен кадар, дојдовме до заклучок дека не треба да останеме рамнодушни пред новонастанатата ситуација со КОВИД-19 и дека треба да ја почнеме ова акција со цел да им помогнеме на граѓаните со бесплатна распределба на стотици заштитни маски за возрасните и за децата, кои се изработени според сите здравствени стандарди. Ние веќе обезбедивме неколку машини за шиење и пеглање, а нашите канцеларии се пренаменети да работат за производство на маски, со строго почитување на препораките на Владата, односно Министерството за Здравство – социјална дистанца и постојана дезинфекција на просторите и алатки за заштита на нашите волунтери“, вели директорот на „Флуент“ Амет Имери.

Нашата цел, вели Имери, е овие денови да произведуваме најмалку 2000 заштитни маски и сите тие  да ги доделиме гратис. Исто така, целта на оваа добротворна активност е дека во времето на работа од дома да ги активираме добронамерните кројачи, без потреба да дојдат до нашите канцеларии. Нашата активност е уникатна бидејќи освен оваа, нашата цел е на кројачот кој ќе стигне до бројката 700 да ја им подариме машината за шиење кој понатаму  ќе ја користи за своите потреби.

„Активноста беше исклучително добро прифатена од граѓаните“, вели Имери. „До сега се пријавени многу волунтери –кројачи, и секој што сака да помгоне слобдоно може да се пријави во нашите канцеларии, било физичко лице или правно лице“.

„Фигуративно или симболично кажано, ако можеме да ги претвориме нашите домови во места за само-изолација за да се спречи проширувањето на вирусот, исто така и нашите канцелари можеме да ги претвориме во „мини-фабрики“ за производство на едно најважно средство во оваа време кога на пазарот цените се енормни. Тоа средство е токму заштитната маска, која ја произведуваме и донираме бесплатно“.

„Ако нормалните маски може да се носат за краток временски период, оние кои ние ги произведуваме можат да се користат подолго, со можност да ги мијат и повторно да ги користат, запазувајќи ги притоа сите здравствени стандарди“.

 

 

Të fundit