Автор: Џелал НЕЗИРИ
Високиот функсионер на ЦДУ и најсериозниот кандидат за преземање на лидерството на партијата од Ангела Меркел, Фридрих Мерц, пред пет дена објави дека е тестиран позитивно за коронавирусот, наречен СОВИД-19. Во првите денови чуствувал замор и треска, но на петтиот ден пријавил дека неговата состојба се нормализира додека температурата станала пониска. „Петтиот ден. Симптомите стануваат послаби, но мојата загриженост за економскиот развој стануваат се посилни. Треба да размислиме длабоко за тоа како да ги зачуваме работните места и како да ги спасиме компаниите од банкрот“, напиша Мерц на Твитер.
Тоа е изјава која го издигнува Мерц над нивото на политичарот, односно на ниво на државник. Тој не мисли за следните избори во партијата, каде треба да ја замени канцеларката Меркел, ниту за следните избори во Германија. Исто така нема сомнение дека германската медицина и наука ќе и даде одговор на оваа болест. Загриженоста на Мерц е губење на работни места за илјадници Германци и затворање на стотици германски фабрики како последица на заболувањето.
Затоа, не само Германија, туку целиот свет ги има очите кон институтите и лабораториите дури и во време кога научниците ги креваат рацете и не наоѓаат одговор на оваа ситуација. Сериозноста на ситуацијата изгледа дека ги натера дури и повеќето арогантни и тврдоглави политичари да ја наведнат главата и да ги слушаат советите на експертите. Многу погодени држави прогласија целосно затворање, додека многу од нив се во вонредна состојба. Невидливиот непријател ги натера сите да ги исправат очите кон експертите, научниците и истражувачките институти.
Започнато е неизговорено натпреварување за тоа кој ќе дојде прв до вакцината или лекот против болеста. Во оваа трка државите се поделени во две групи – со напредно образование и наука или недоволно развиено образование и наука. Во таква ситуација, државите од втората група се потпираа на оние од првата група. Тие гледаат дека неможат да направат ништо во војната со овој микроскопски непријател. Единствената работа што тие можат да ја сторат е да ја задржат ситуацијата под контрола со само-изолирање на луѓето, така што кревкото здравство да може да ги лекува болните.
Политичката елита на државите од втора група се убедени во грешката што ја направиле при намалувањето на финансирањето за модернизација на здравството, заобиколување на науката, игнорирање на истражувачките институти и потценување на науката. Оние политичари кои размислувале за процентите што ќе ги добијат од тендерите за здравствена градба и модернизација – сега гледаат дека парите што ги заработиле не можат да ги направат имуни од болеста. Со милиони кои ги заработиле, тие никаде не можат да најдат безбедно место да се засолнат со своите семејства. Во оваа војна со овој непријател не можете да најдете безбедно место каде да одите како бегалец.
И луѓето од овие држави сега се убедени дека инвестирањето во образованието и науката е повеќе визионерско отколку да се инвестира во изградба или модернизација на цркви, џамии или други култни предмети. Никој денес не прашува колку цркви и џамии имаме, но колку кревети, доктори, медицински сестри и машини за дишење. Исто така, тоа е време на само-рефлексија за нашиот пристап кон природата. Дали вирусите се анти-тела на природата против инфекциите што ние и ги предизвикуваме?
И во сета оваа навидум апокалиптичка состојба за светот, кога се очекува да се размислува и се рефлектита сериозно, политичарите во Северна Македонија, Албанија и Косово се чини дека сè уште размислуваат за претстојните избори. Судирот ПС-ПД во Албанија продолжува за исчезнатите маски и (погрешно) управување со ситуацијата, политичарите во Скопје продолжуваат да водат кампања дури и за време на вирусот со одржување на прес-конференции на секој час, додека косовскиот премиер Албин Курти отиде подалеку – го разреши министерот за внатрешни работи Агим Велиу, без да се консултира со неговиот коалициски партнер ЛДК, од кој зависи неговиот кабинет. И ова последното, без воопшто да размисли, го покрена иницијативата за соборување на владата на Курти.
И сега се свртуваме кон Мерц и неговата загриженост во компарација со загриженоста на балканските политичари. Дури и во ова време на пандемија, кога е доведена во прашање судбината на милиони луѓе, луѓето од Балкан остануваат ниски политичари, размислувајќи само за претстојните избори, и никогаш да не се воздигне на ниво на државник (или жена-државник) што размислува за претстојните генерации.
Ако самоизолацијата трае повеќе од два месеци, тогаш илјадници работници во услугите и туристичката индустрија ќе бидат без работа, многу бизниси ќе се затвораат поради недостаток на клиенти и целата економија ќе биде пред колапс. Ако на тоа и се додаде и зависноста на економијата на балканските земји од извозот во Германија, тогаш периодот што доаѓа ќе стане уште помрачен.
Ова е затоа што Германија исто така се подготвува за економска криза што негативно ќе влијае на набавка на стоки од Балканот. Доколку политичките власти во Скопје, Тирана и Приштина размислуваат за иднината на граѓаните, тогаш нивното лично его и седиште не треба да ги постават над потребата за сеопфатна мобилизација на човечките капацитети за да се победи вирусот. Откако ќе се порази, можеби ситуацијата ќе наметне инклузивност на владеење, кабинет на проширен формат или национално помирување, со цел за успешно управување со кризата предизвикана од корона вирусот. / КПД