недела, септември 8, 2024

НАДЕЖ ВО СКОПЈЕ И ТИРАНА: ШТО МОЖЕ ДА ДОНЕСЕ ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО НА ХРВАТСКА СО ЕУ?

Оваа методологија не е отфрлена ниту од Скопје ниту од Тирана. Затоа, Самитот во Загреб може да биде од историско значење за Балканот бидејќи ЕУ ќе го исполни ветувањето за Албанија и Северна Македонија, поставувајќи го долгоочекуваниот датум за започнување на разговорите за членство.

Автор: Џелал Незири

Зачленета во Европската унија (ЕУ) во 2013 година, Хрватска го презеде претседателството на Европскиот совет за прв пат од 1 јануари. Ова Балканска земја аплицираше за членство во 2003 година, а една година подоцна доби статус на кандидат.  Во 2005 година, кога Северна Македонија исто така доби кандидатски статус, Хрватска започна преговори за членство што траеја осум години.

Северна Македонија не успеа да продолжи понатаму во процесот на интеграција заради антигрчката политика промовирана од владејачката партија, ВМРО-ДПМНЕ, која дојде на власт во 2006 година, кога Никола Груевски беше избран за премиер. Преименувањето на патиштата и институциите, антиколонизацијата и мешањето на македонскиот етнички идентитет за да ја придобие античката историја и поттикнување на омраза против Грција, ја зголемија поддршката за електоратот на Груевски, но во исто време и грчкото вето за интеграција во ЕУ и во НАТО. На Самитот на НАТО во Букурешт, организиран во 2008 година, Грција за прв пат го искористи правото да го блокира членството на Скопје во Северноатлантската алијанса, оставајќи само на Албанија и Хрватска да станат нови членки на овој самит. .

Поради слични вредности што ги споделуваат НАТО и ЕУ, земјите прво влегуваат во Алијансата а потоа и во Унијата. Хрватска во 2008 имаше три години откога ги започна преговорите и по пет години членство во Алијансата ја постигна својата втора стратешка цел – место во ЕУ. Сепак, тоа не се случи со Aлбанија, која аплицираше за членство во Унијата во 2009 година, и само по пет години – во 2014 година – ќе добие кандидатски статус. Додека Северна Македонија имаше отворени прашања со Грција – името на државата – и со Бугарија – историја и јазик, Албанија имаше проблеми со организираниот криминал, корупцијата и недостатокот на консензус и компромис за културата за прашања од највисок државен интерес.

Хрватска го презеде претседателството со ЕУ од Финска, кој го искористи шестмесечниот мандат за водење на европската политика за враќање на европските вредности – слобода на медиуми и судска независност – проблеми што започнаа да се појавуваат во некои земји-членки на Централна Европа. По шест месеци, претседателството требаше да му ’се предаде на Германија, земја која во  2014 година само една година откако Хрватска се приклучи на Унијата, го започна т.н. Берлински процес, кој предвидува забрзување на членството во Западен Балкан.

И во следните шест месеци, поновата членка на ЕУ ќе мора да се справи со три сериозни проблеми со Унијата: излез на Велика Британија, усвојување на долгорочен буџет 2021-2027 и деблокирање на процесот на интеграција на земјите од Западен Балкан. По убедливата победа на Конзервативната партија на Борис Џонсон, која силно се ангажира за Брексит Brexit,, излезот на Велика Британија сега се чини дека е прашање на време. Сепак, ова ќе предизвика вибрации во ЕУ што може да го забават економскиот раст и проширувањето со новите земји, бидејќи ќе остави празнина од 13 милијарди евра во ковчезите на Велика Британија.

Усвојувањето на Долгорочниот Буџет, исто така, се очекува да предизвика голема дебата и поделби во рамките на Унијата, поради честопати спротивставените интереси на клучните земји-членки на ЕУ. Членовите не се расправија само за распределбата на трошењето и распределбата на буџетот, туку и за создавање на нов услов за финансирање на ЕУ поврзано со придржувањето кон владеењето на правото. Во врска со третиот проблем, се очекува Хрватска да има засилена обврска да ги отстрани последиците од незаслуженото француско вето за Скопје и Тирана, која се искористи од страна на францускиот претседател Емануел Макрон на Самитот на Европскиот совет во октомври минатата година

Ова вето доведе до раскинување на мандатот на владата предводена од Зоран Заев, која потпиша договори со Грција и Бугарија кои содржат тешки компромиси и ги забави реформите во правосудниот систем во Албанија. Во исто време, Франција исто така ги демотивираше владите во Приштина и Белград да го следат патот на Северна Македонија и со тоа да го решат најголемото историско прашање меѓу двете држави – помирување и меѓусебно признавање.

До самитот на ЕУ во Загреб, закажан за мај оваа година, Европскиот совет повторно мора да се собере и усвои новата методологија на преговарачкиот процес со аспирантските земји, која беше користена како алиби од Франција за да воспостави вето врз Северна Македонија и Албанија. Шефот на Европската Комисија, Урсула фон дер Лејен, во последниве денови  порача дека оваа методологија наскоро ќе биде позната на јавноста и истата ќе се дискутира со аспирантските земји од Западен Балкан. Она што се очекува да вклучи, меѓу другото, е можноста дека преговарачкиот процес е реверзибилен, што значи дека затворените поглавја се отвораат повторно ако се нарушат вредностите на сферата содржани во неа. Покрај тоа, Франција предложи поглавјата да не бидат како досега 35, туку треба да се групираат во помал број, значи интеграцијата да биде постепена и проследена со конкретно финансирање.

Оваа методологија не е отфрлена ниту од Скопје ниту од Тирана. Затоа, Самитот во Загреб може да биде од историско значење за Балканот бидејќи ЕУ ќе го исполни ветувањето за Албанија и Северна Македонија, поставувајќи го долгоочекуваниот датум за започнување на разговорите за членство. Ваквата одлука позитивно ќе се одрази и на Белград и на Приштина да се посветат сериозно за постигнување историскиот договор што на крајот ќе го смири Балканот. Хрватска веројатно ќе биде претседател што ќе донесе добри вести за земјите кандидати. Како неодамнешна членка, добро го познава чувството како е да чекаш пред вратите на Брисел. И за тоа, Скопје и Тирана мора да ја докажат очекуваната зрелост – да ги усвојат итните реформи и да спроведат демократски избори.

Të fundit