Автор: Џелал Незири
Изборите во Северна Македонија секогаш носат две работи што донекаде го изненадуваат граѓанинот: патриотизам или лажен национализам и сезонски „работници“ (гастарбајтери) на јавната сцена.
Наместо лубов кон етничката припадност или националноста, патриотизмот повеќе доаѓа како омраза кон другиот, што е всушност шовинизам. Овој вид „лубов“ опфаќа широк спектар на измамнички изговори кои се пренесуваат од еден избор на друг. Така, земјата останува постојано во историска магла која не дозволува јасен поглед, не дозволува нови практики на социјално, политичко, економско и културно функционирање.
Станува збор за рана густа магла која чудно ја покрива историјата која создава постојани конфликти и дестабилизација. Во рамките на оваа магла се појавија метанаративите на етникумот во местово кој никако да излезат на нормален план за перцепција и развој. Со овие непомирливи историски метанарации изградивме метастази на корупција и сите други злоупотреби на моќта.
Се чини како намерна вкочанетост што дефокусира и суштински се храни со историска хипербола за всушност да ја обвитка мрачната реалност создадена преку транзиција во текот на 25 години. Секоја злоупотреба, криминал, кражба и корупција лесно се обвиткуваат во оваа историска магла што потоа се продава на гласачкото тело со многу „слава“. Историски, секогаш било така. Еден судир на историски метанарации кои доаѓаат во ова време со големината на истиот трик.
Значи, сите конфликти и спорови во Северна Македонија, како и на Балканот, имаат историска генеза. Ако ја прочитате историјата за народите од овој географски дел од Европа, не само што постојат различни толкувања на големи историски настани, туку може да се најдат и славења на непостоечки настани. Балканот веќе долго време бил заплеткан во лавиринтите на историјата и сè уште произведува приказни и митови. Или, како што рекол Винстон Черчил, Балканот произведува повеќе историја отколку што може да троши. Она што не успева да го стори е да се изгради сегашност и иднина, исто како што Германците и Французите ја градеа во рамките на Европската Унија (ЕУ), надминувајќи ги затегнатите разлики од три крвави војни. Проблемот лежи во недостигот на храброст да се справиме со себеси, со злосторствата извршени низ историјата и извинувањето за помирување.
Враќањето кон деструктивниот национализам (бидејќи национализмот, како лубов кон сопствената етничка припадност или држава, исто така може да биде конструктивна) предупредува дека политичарите ќе продолжат да се обидуваат да го држат заложник граѓанинот од Северна Македонија и неговите изгледи. Враќањето во минатото е игнорирање на сегашноста. Плачењето за минатите неуспеси и обидите за нивно подобрување во сегашноста се доблести на слаба и кукавичка индивидуа или општество. Лекциите од минатото те прават поразумен само ако ја градите сегашноста и иднината без грешките од минатото. Сегашноста и иднината се шанса да се напише подобра приказна од постојната. Поединци или народи кои трошат само историја, се дестинирани да припаѓаат на минатото.
Политичарите ја враќаат во (деструктивна) националност пред секој изборен циклус, бидејќи викаат дека само вака можат да мобилизираат мерки. Така е: национализмот е најуспешниот начин за мобилизирање на толпата околу еден проект. Најголемите диктатори кои историјата ги има забележано се потомството на агресивниот национализам. Освојувањето на соседни територии, уништувањето или барем мразењето едни со други е најбезбеден начин за мобилизирање и водење на еден народ. Ајнштајн го нарекол национализам „инфантилна болест на човештвото“, Орвел „моќ заснована врз самоизмама“, додека Чомски го сметаше за „начин за угнетување на другите“.
Национализмот, сепак, се покажа корисен во некои области. Според истражувањето на Светската Банка, земјите со изразен национализам имаат пониско ниво на корупција и развиена економија. Додека повеќето примери покажуваат дека национализмот создаде моќен лидер и милиони жртви за тоа, примерот на Норвешка го илустрира спротивното. Во оваа скандинавска држава, нивото на корупција е нула, а економскиот развој е многу висок. Нивниот национализам не ги прави страшни за другите, туку чувствителни на каква било штета на луѓето на кои им припаѓаат и кои се чуствуваат горди на тоа.
Без конструктивен национализам, односно без лубов кон општеството на кое му припаѓа, обичен граѓанин не би реагирал дури ни на најеклиптичните случаи на корупција. Во земји каде национализмот е деструктивен, односно омразата кон другиот, граѓанинот е во голема мерка себичен – тој повеќе ужива корупција или регресија на другиот, отколку со промовирање и искоренување на корупцијата кај луѓето на кои им припаѓа. Токму овој вид национализам предизвика најнехумани трагедии што ги знае човештвото.
На крај, исто така и за феноменот на сезонските „работници“. Тие се луѓе што излегуваат на јавност кога ќе дознаат за датумот на изборите. Кога нема избори, тие не се мачат за ништо, дури и имаат ”оф“ профили на социјалните мрежи. Всушност, ова се „вирусите“ на јавната сцена кои го контаминираат јавниот простор со ниски партиски удари, обвинувајќи ги другите дека ги поддржуваат агендите на опонентните партии. Нивната мисија завршува кога ќе завршат изборите. Ќе ги издржиме до тогаш. КПД