недела, декември 10, 2023

Моќта на природата: Тие што не ги убива земјотресот, ги убива стресот и стравот

„ Сите некaде не здрмa, мене пoследниoт вo студиo пред дa прoчитaм нaјaвa. Јaвнo им се зaблaгoдaрувaм нa мoите кoлеги, кoи дoдекa ги тресеше вo режијa ме смирувaa нa слушaлкa, ми кaжувaa кoлку сум безбеднa и декa ништo не мoже дa ни се случи. Чест е и среќa дa имaш тaкви луѓе нa сменa! Нa сите дo еден сум им бескрaјнo блaгoдaрнa! Телевизиските кoлеги нaјдoбрo ќе ме рaзберaт! Уште еднaш- Гoспoд некa ни е нa пoмoш!“

Katerina Topalova

Вака пишуваше во мојата благодарност на фејсбук откако осамна видео на кое се гледа мојата реакција кога почнува земјотрес додека читам најава во живо. Со колегите на смена заедно го преживеавме потресот на 12 септември 2016 година во Скопје. 

Јас во студио, читам вести, моето семејство дома. Додека се вклучуваме во етер за нова најава, сите светилки, масата пред мене, камери, стативи, телевизори, целата опрема во големото студио испушта звук како да најавува некаков крај. Се тресе и демне над мојата глава.

Почувствував толкава немоќ пред моќта на природата која во тој момент покажа колку е се` мало во однос на неа.

Ново потсетување за вредностите

Претходната ноќ повторно ме разбуди силно лулање. Од страшната 2016-та, никогаш не најдов мир во душата поради чувството кое ми се вгнезди од силниот потрес.

Тие што не ги убива земјотресот, ги убива стресот и стравот. 

Секундите на лулање траат вечно! А кога ќе поминат, вечно трае таа болка во душата која не престанува да испарува во облик на страв. Овој пат Албанија! Колку ли силно тресело таму штом мене во Скопје ме крена од сон?!

Првата мисла е-дај Боже да нема жртви!

И нема сон! Нема ни мир! Се редат вестите за загинати, повредени, исчезнати! Видеа на кои се слуша и гледа лелекот и повикот за помош уште еднаш сведочат за потребата од заедништво. Наеднаш желбата за нов автомобил, поголемо живеалиште, скапа облека и накит се губи како никогаш и да не била дел од нашата мисла.

На крај кога ќе видиме, се` што е вредно во животот се носи за рака. Другото, кога ќе се соочиме со смртта, го оставаме без да размислиме со голема леснотија. Можеби е сурово но од време на време е добар ваков потрес како потсетник за нашата минливост, зашто во доба на мир и лагодност сите се лакомиме.

Наеднаш немате непријатели. Наеднаш немате омраза и гнев. Се што сакате е природата да ве остави на мир за да го уживате секој нов миг со вашите најмили. 

Кругот на важни луѓе се стеснува како обрач. Само неколку се важни, оние кои направиле повик до вас со прашањето-„дали си добро?“ Зарем не?

Të fundit