недела, декември 10, 2023

Гаќите на судството

„Од гаќи ќе ве истресам …“, беа зборовите со кои обвинителката за организиран криминал и корупција ,Вилма Рускоска, му се закани на еден од апелационите судии кој го одобри куќниот притвор за поранешната специјална обвинителка Катица Јанева. Во друга нормална држава, оваа фраза не би била воопшто нормална, но во држава со правда како што е нашата, оваа фраза звучи нормално, добронамерно, па дури и убаво на увото на обичниот граѓанин.

Владејачката партија СДСМ во предизборните ветувања имаше приоритет на реизбор на судии и јавни обвинители. По формирањето на владата, СДСМ не инсистираше на одржување на ова ветување и беше оправдана со тоа дека меѓународните партнери не препорачуваат таква реформа. Всушност, препораката или двоумењето на меѓународниот фактор главно се засноваше на политичкиот капацитет за преземање на ваква реформа и на ризикот од замена на едно политизирано судство со друго.

Таа мала надеж и довербата на граѓаните за владеењето на правото – Специјалното јавно обвинителство, се обезличи пред криминалот и корупцијата со своја глава во едно грдо јавно шоу. Криминалците продолжуваат да се смеат над идеалистите, докажувајќи се уште еднаш наивни. Но, всушност, недостатокот на доверба во судството не е ништо ново и доаѓа во повеќе димензии.

Класична корупција -е јавна тајна дека правдата се купува. Во бирократските ходници се врткаат сексерите на обвинителите и судиите со тефтери на тарифна „правда“. Одлична конструктивна соработка помеѓу адвокатот, обвинителот и судијата со сексерот помеѓу нив, со одлична цена ги спасуваат криминалците од сериозни кривични дела. Вие можеби сте убиле некого намерно, можеби сте се проституирале со продажба на малолетни девојки, можеби сте трговец со дрога, но ако ги имате доволните пари, и секако дека ги имате, „правдата“ е сигурна за вас. Ќе се најде некој елегантен модус во рамките на правните дупки за да поминете помалку време во затвор, можеби и воопшто. Затоа гаќичките од правдата се скапи.

Корупција на високо ниво – уште од осамостојувањето на Северна Македонија, недопирливиот мит на највисоките политички функционери продолжува да биде непоколеблив. Приватизацијата во времето на Бранко во 90-тите, галопирачката корупција на владата на Ѓорѓевски и ДПА-то на Џафери, изолираната држава од страна на Груевски и неговото семејство, постојаната корупција на ДУИ и актуелната власт под деловните интереси на братот на Заев и Ангушев создадоа нова класа на богатство, класа на богати политичари.

Сите имаме по еден таков во нашето соседство, град или предградие, политичар кој, како што вели Али Аслани во својата поезија, ручек ве најде „безгаѓи“ ,вечерата ве најде милионер“. И во текот на сите овие 30 години на транзиција низ кои поминуваме, борбата против корупцијата е крајно предвидлива: секогаш кога се во притисок да произведат резултати тие фаќаат една „мала риба“, давајќи широк спектакл на јавноста. Политичарите, судиите и обвинителите живеат во целосна хармонија, во екосистем изграден врз взаемни услуги и се штитат меѓусебно. Како што слушнавме во прислушувањата, назначувањето или унапредувањето на судиите и обвинителите минува низ партиски тефтери во меѓувреме тие ја оправдуваат нивната инвестиција преку ширење  на правда според партиски директиви и упатства на партиските шефови. Затоа, судството ги има недопрените гаќи.

Селективна правда – на етничка и политичка основа. Постојат бројни политички и етнички монтирани случаи што поминале во собите на (не) правдата и перцепцијата на граѓаните, особено на Албанците со вид на правда со двојни стандарди, како во случајот со малиот Алмир, која е  вкоренета како недоверба кон овој систем, имено на државата. Еве еден болен, понижувачки, но класичен пример: Во трагична несреќа на автопатот Скопје – Тетово неодамна, патнички автобус од Гостивар доживеа несреќа во која загинаа 16 патници.

Помеѓу граѓаните чувството за донесување правда за овој случај почнуваше над оваа основа: „Ако сите оние кои ги загубија своите животи беа Албанци, сопственикот ке избегаше многу лесно и без ниеден ден затвор, толку повеќе бидејќи тој беше многу политички близок со ДУИ. Процесот е во тек и ќе видиме дали со судската одлука ќе се потврдат очекувањата на граѓаните, особено во делот на односите на сопственикот со партијата со добивање на полесна казна од тие што тој им припаѓа. Затоа гаќите на праведноста мирисаат на неправда.

Сега кога во јавноста повеќе зазема место идејата за „тресење на гаќите на правдата“ или како што е попозната како ветинг на судството треба да се земаат предвид следните елементи:


  1. Политиката да остане надвор од процесот – не е достојно и веродостојно да го цени своето суштество.
    2. Директно мониторирање од страна на меѓународните институции и право на интервенција во процесот за да се избегне мешање од страна на политиката за да се даде соодветна доверба во процесот.
    3. Независна комисија на правни експерти за справување со процесот на проверка и именување судии и обвинители
    4. Тесна размена на искуства со Албанија со цел да се избегнат какви било грешки направени при ветингот во Албанија.


Без да ги тресете гаќите на судството, оваа држава ќе остане во неизвесност без перспектива и под милост на судбината на корумпираните политичари и криминалци кои коегзистираат со расипаното судство.

Të fundit