сабота, ноември 9, 2024

НОН- ПАПЕР-ОТ, ИМПРОВИЗАЦИТЕ И ПОЛИТИЧКИОТ „КЕТМАН“

Во времето кога во внатрешната политичата сцена продолжува предизборниот политички „кетман“, се чини дека процесот на проширување, имено отворање и продолжување на разговорите за членство во ЕУ, веќе помина во еден сосема друг контекст диктиран од Франција. Како и да е, Франција ја потврди својата јасна поддршка за европската перспектива на балканските земји, истовремено промовирајќи ја идејата за „постепени и охрабрувачки“ преговори.

Aвтор: Бардил Заими

Во политиката нештата не се случуваат според неопходната агенда и ориентација. Северна Македонија, и покрај фалењето на секоја влада, долго време беше во вечен транзициски лавиринт што континуирано произведува неодговорни и длабоко утилитарни политички елити. Во повеќето случаи, не се избираа средства за одржување на моќта или доаѓање на власт. Не само еднаш се трумбетираше за неповратниот пат кон ЕУ, но ова повеќе беше графит на популистичка употреба отколку структурирана визија што во суштина подразбира длабока трансформација низ целиот институционален систем, кој во сите времиња страдаше од партиското етаблирање и политика.

И покрај постојаната политичка и финансиска посветеност на ЕУ, Северна Македонија, во овој период од две децении, не успеа да ги интегрира одржливите политики кои би биле во согласност со сите препораки објавени секоја година во извештаите на Европската комисија. Шематскиот политички пристап, е целосно неплоден во идејата за промовирање на европските практики, кој создаде веќе неподнослив лавиринт во кој се враќаат докажаните модели на неуспеси во врска со надежите на граѓаните за подобар живот.

И во ова време е создадена хипер-реалноста на политичките елити кои во секое време се продаваат како еден вид „напредок“ кон европските вредности. Во суштина, оваа хипер-реалност останува парадоксална измислица на политичките елити кои инсистираат на наметнување на перцепцијата и врз граѓаните, кои, веќе соочени со горчлива економска и социјална реалност, немаат глас да се спротивстават и да ја деконструираат како постојана пропаганда. Оваа хипер-реалност испеглана во пропагандната машинерија на политичките елити во секое време е наметната како „добро управување“, во зависност од тоа која партија е на власт.

Тие се исти партии кои играат во истата апсурдна сцена на системските неуспеси. Бескрајни политички судири кои ја чуваат во себе „долговечноста“ на изнудувачки елити, кои понекогаш од „принципиелни“ причини знаат дури и да се преобратат и да менуваат страни, во зависност од коефициентот на опстанок и дадениот просторот за да се обезбеди континуитет на троновите на моќта.

Коридорите на институциите се исполнети со овие политички и економски „елити“ кои се согласуваат за континуитет на „компромисот“ кој е секогаш на штета на граѓаните и на штета на оригиналниот напредок што навистина треба да се случи во овие трауматски транзициски години. Во отсуство на кохерентност при воспоставувањето на практики за добро управување и во отсуство на демократски капацитети, овие „вечни елити“ кои знаат да се преобратат, честопати, токму во овие ходници на изнудување на јавниот имот, проектираат поделби од најразлични видови, кои потоа се спуштаат на ниво на граѓаните.

Десетици пати ветуваа промена, и десетици пати продолжија со авазот на „Кетман“, како што го опишал во неговата книга „Заробениот ум“,полскиот нобеловец Чеслав Милош. Несомнено, овој вид политички „кетман“ е надвор од каква било реална перцепција за политичките, економските и општите социјални случувања кои овозможуваат приближување со европските стандарди, кои никогаш не биле објавени како препораки на Европската комисија.

Се чини дека овие политички импровизации кои доминираа во изминатиот период сега повеќе нема да можат да поминат, без оглед дека во фазата на предизборна кампања се гледа истиот ритуал на повторување, на кич политики што важат за домашна употреба, но не и за нов момент што се појавува на хоризонтот во преговорите со ЕУ.

Франција веќе достави нон-папер за земјите-членки на ЕУ, неформален документ со кој се бара обновување на пристапот до процесот на проширување на ЕУ кон Западен Балкан. Преку овој документ Франција бара интеграцијата на земјите од Западен Балкан во европското семејство да се направи во седум фази, а не со поглавја како што беше досега. Во суштина, овој нов пристап подразбира реверзибилен процес кој се поврзува со фактот дека ако во дадена фаза во дадена област има отстапувања, тоа значи дека процесот може повторно да се преиспита за разгледување.

Новиот пристап подразбира и постепено приближување. Процесот веќе нема да се заснова на поглавја, туку во некои фази низ кои државата мора да помине.

Според новата методологија која е структурирана во седум фази, ќе се постават строги услови за секоја фаза за земјите-кандидатки. Индикаторите ќе бидат земени од сите европски институции во соодветните и главните области во која е претставена областа на правдата. Овој пристап ќе обезбеди опипливи придобивки, истовремено потенцирајќи ја потребата да освен придобивките кои доаѓаат од постепеното учество во политиките на ЕУ, ќе се зголеми и финансиската поддршка за да се избегнат странските влијанија.

Париз исто така предвидува и дополнителна финансиска помош во претпристапниот процес на земјите од Западен Балкан. Ова значи повеќе инструменти пред пристапување, но и пристап до структурните фондови што сега се резервирани само за земјите-членки. Во меѓувреме овој документ е добредојден со многу лубопитност и дилема, се чини дека во себе подразбира коректен пристап и во некои погледи да се смета за поволен за аспирантските земји, бидејќи тие однапред ќе имаат пристап до структурните фондови на ЕУ.

Не е познато што другите земји ќе рефлектираат за овој нов пристап кон процесот на проширување, но една работа останува јасна, дека овој процес во иднина нема да ги издржи импровизациите што веќе долго време се присутни во Северна Македонија во однос на исполнување на стандардите што ги бара ЕУ.

Можност да се врати процесот, каде се истакнува дека еден принцип на реверзибилност треба да се воспостави да се адресираат ситуациите во кои земјата- кандидатка целосно или делумно повеќе не ги исполнува одредени критериуми или престанува да ги исполнува преземените обврски.

Владата ги поздравува сите идеи што ќе придонесат за побрз почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ и ќе ги направи преговорите поефикасни. Опозицијата различно коментираше за новиот пристап. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека со нон-паперот на Франција, патот до членството во ЕУ е уште подолг. Според него, нон-паперот покажува дека премиерот Зоран Заев ја искривил вистината што се однесува до домашните реформи.

Во времето кога во внатрешната политичка сцена продолжува предизборниот полтички „кетман“ се чини дека процесот на проширување, имено отворање и продолжување на разговорите за членство во ЕУ, веќе помина во еден сосема друг контекст диктиран од Франција. Како и да е, Франција, ја потврди својата јасна поддршка за европската перспектива на балканските земји, но во исто време ја промовираше идејата за „постепенои и охрабрувачки“ преговори.

Сега е јасно дека процесот на проширување е во друга фаза од дебатата диктирана од Франција. Нема дилема дека преговарачкиот процес ќе биде многу потежок, но не и без конкретни ефекти на патот.

Кохерентноста во реформите ќе биде клучна за успехот на патот кон членството во ЕУ. Можеби дојде време да сфатиме дека без суштински обврски нема да има напредок во процесот на започнување преговори и членство. Политичкиот „Кетман“ може да биде привремено валиден на домашната сцена, но во никој случај нема да изгледа дека ќе се согледа во овој нов контекст создаден внатре во ЕУ и што значи заверена матрица на промени во сите области.

Të fundit