четврток, ноември 30, 2023

БЛИСКУ И ДАЛЕКУ

Се чини, ова е видното поле на европското претендирање дека државите од Западен Балкан нема да можат да го избегнат веќе неповратниот процес на членство во ЕУ.

Менгените на Европа ги надминуваат наведените аспирации на балканското раководство. Европа бара опипливи резултати од системски институционални промени што создаваат стабилност, демократска нормалност и ефективност во спроведувањето на законите што го држат предзнакот на европските препораки.

Aвтор: Бардил Заими

Наспроти клишеата и балканскиот менталитет, веќе постои тежок, но надежен процес. Наспроти политичката реторика за внатрешната балканска употреба, сега веќе постојат конкретни заложби и обврски што мора да бидат исполнети за да се даде смисла на процесот на интеграција. Наспроти сонот на граѓаните и политичките аномалии и слабостите во управувањето, веќе постои претпазливо одлучување за проширување на Европската Унија со државите од Западен Балкан, што бара инструмент за консензус на сите земји членки. Наспроти занемарувањето и транзициите со илјада институционални аномалии, постои процес на оценување од страна на Европската Комисија, но и од институциите на земјите-членки, кои не дозволуваат импровизација и не преминуваат лесно во преговарачкиот процес што му претходи на полноправното членство.

Се чини, ова е видното поле на европското претендирање дека државите од Западен Балкан нема да можат да го избегнат веќе неповратниот процес на членство во ЕУ. Менгените на Европа ги надминува наведените аспирации на балканското раководство. Европа бара опипливи резултати од системски институционални промени што создаваат стабилност, демократска нормалност и ефективност во спроведувањето на законите што го држат предзнакот на европските препораки.

Секој што помислил дека лесно ќе премине во европскиот простор без да ги вметне овие основни принципи поврзани со оригиналната визија на Европа, погрешно и без сенс го перцептирал процесот на проширување, особено по брзото прифаќање на Бугарија и Романија, што на анализите за процесот на проширување е оценета како избрзана.

Точно за да се избегне ваквото недоразбирање од страна на земјите од Западен Балкан, мора да се види целата еволутивна траекторија на ангажманот на ЕУ во Југоисточна Европа и сега веќе редуктирана и фокусирана на именување на Западен Балкан. Наспроти претходните заложби во 90-тите години, процесот на приближување идентификуваше иницијативи и документи кои го наведуваа процесот на проширување со другите земји-членки.

Авторката Кејси Памела Голдинг во својата студија „Балканските Прашања: Придобивки и Предизвици на Европската Интеграција преку Проширувањето“, се осврнува на некои од клучните моменти во еволуцијата на европскиот aнгажман во Западен Балкан. Во нејзината студија се отсликува целиот концепт на траекторијата на ангажмани на ЕУ кон регионот, но и целата еволуција на создавање на Европската Унија во концептуално и институционално ниво. Според неа, во 2000 година, Европската Унија подготви сеопфатна нова политика за пристапување кон Балканскиот регион позната како Процес за Стабилизација и Асоцијација. Голдинг го гледа моментот како процес што продолжи да се воспоставува управувачка стратегија за промовирање на стабилизирање на регионот, оставајќи ги надвор ветувањата за членство на идните земји-членки,

Уште еден клучен момент за земјите од Западен Балкан авторката го гледа самитот во Солун во јуни 2013 година, во кој ЕУ ја повтори својата заложба за асоцијација. Според неа, ЕУ изјавила дека иднината на Балканот ќе биде во ЕУ и исто така изјавила дека идните земји-кандидатки од регионот мора целосно да ја афирмираат својата заложба да се движат напред на патот на реформите. Во овој самит исто така се афирмираше и идејата за партнерство, но и создавање јасни стандарди за проценка на напредокот и воспоставување на база на политика условена од зголемување на финансиската помош и перспективата за пристапување во ЕУ.

Голдинг забележува дека и покрај фактот дека ЕУ ја потврди оваа нова посветеност кон Западен Балкан, таа сепак се соочи со голем број институционални предизвици, вклучувакќи ја и финансиската криза во 2008 година, која донесе до заминување на Велика Британија од ЕУ, подигање на националистичките партии во земјите членки на ЕУ и континуираната криза со бегалците. Според авторката, овој момент ги принуди претставниците на ЕУ да ги преиспитаат своите цели во иднина. Во 2014 година, претседателот на Европската Комисија, Жан-Клод Јункер,  најави петгодишна забрана за проширување.

Според Голдинг, ова оддалечување на перспективите за членство ја принуди германската канцеларка, Ангела Меркел, да го создаде „Берлинскиот Процес“ како обид да ги спаси односите на ЕУ со балканскиот регион и да ја задржи жива перспективата за членство. Овој процес, кој вклучува годишни самити на кои присуствуваат високи претставници на владите на балканските и државите на ЕУ, има за цел да ја реафирмира перспективата на регионот во ЕУ, подобрувајќи ја соработката и економската стабилност во рамките на истиот.

Всушност, ова е траекторија на конкретни заложби на ЕУ кон регионот кои веќе се конкретизираат во заедничка визија која од ден на ден стекнува нови димензии, но честопати е попречена од неодговорната политика и управување на балканските земји. Се разбира, Балканот не би бил специфичен доколку не живееше во овој постојан оксиморон на желби и уништувања што остануваат типични за неа.

Без оглед на овие заложби на ЕУ, кои цело време беа конкретизирани со цврста финансиска помош за поддршка на воспоставување на функционален систем на вредности што подразбира стандардизација на вредностите на ЕУ, државите од Балканот манифестираа типични слабости, одложувајќи го и загрозувајќи го процесот на интеграциите.

Про гласањето на германскиот Бундестаг, што е на некој начин во согласност со афирмираниот концепт на „Берлинскиот Процес“, се чини дека е сигнал на надеж за Северна Македонија и Албанија, кои чекаат во втората половина на октомври да започнат преговори. Не ти треба памет дека овој глас „про“ внатре во себе си има и многу услови, кои произлегуваат од претходниот концепт за проширување на ЕУ со другите земји-членки. Гласањето на Франција, исто така, останува клучно за процесот на преговори, додека францускиот амбасадор во Скопје предупреди за „коктел“ одлука, која  ќе го опфати реалноста и доброто прифаќање, кои доаѓаат како резултат на прогласените критериуми за членство. Во меѓувреме, холандскиот министер за надворешни работи истакна дека одлуката за Македонија и Албанија ќе биде одвоена, предупредувајќи на еден глас против Албанија.

Не е познато до крај како ќе биде одлуката на другите земји-членки на ЕУ, но сега едно е сигурно дека самото отворање на преговорите ќе биде проследено со трајна проценка на сите нивоа на институционално функционирање. Веќе неколку пати беше нагласено на јавниот простор дека институционалниот капацитет за вклучување во преговарачкиот процес останува на исклучително неповолно ниво. Ова ќе го отежни целиот процес на преговори, и покрај почетниот ентузијазам за започнување на истиот.

Покрај тоа, Балканот останува многу близу до Европа, особено по сигналите за започнување преговори меѓу Северна Македонија и Албанија, но во исто време и далеку во институционалните политики и практики што ги диктира ЕУ.

Близу и далеку се чини дека е трајна судбина на Балканците кои многу тешко ги учат европски лекции за заедничка визија и вредности!

Të fundit