петок, декември 13, 2024

Борба против корупцијата и опшествениот интегритет

Автор: Сефер Селими Јр.

Најверојатно, во октомври годинава, Северна Македонија ќе го добие датумот за почеток на преговори за членство во Европската Унија. Ова подразбира почеток на процес на институционална реформа и усогласување со европските стандарди.

Без сомнение, ова ќе биде предизвик за кревките демократски институции, со ограничен професионален капацитет од нивната партизација преку годините и ограничени финансиски ресурси. Но, најголемиот предизвик беше, е, и ќе биде широко распространетата корупција во сите социјални и институционални нивоа. Оваа практика, која навлезе длабоко во културата на социјална интеракција, не само што го еродира јавното добро, туку сериозно му штети на општеството и во индивидуална и во колективна димензија.

Со неколку исклучоци, на пример, јавна тајна е дека коруптивната такса за јавен тендер варира од 10% до 20% од вкупниот износ, што мора да се плати преку сексери кој или работи во институцијата или е ангажиран од страна на истиот.  Овие средства завршуваат кај раководителот на институцијата кој потоа се занимава со нивна распределба, од кои одреден дел нужно завршува во партијата. Исто така, постојат прилики кога се прават разни компензации, преку давање услуги или со давање на специфични „подароци“ кои му требаат приватно на сопственикот. Тоа нè чини многу и на финансиски план и на општествен план. Во финансискиот план, за еден украден денар, потребни ни се уште три денари за да го надоместиме, и тоа: 1 е украден денар, 1 е денар што не беше инвестиран и 1 денар што треба повторно да го платиме преку даноци за да го вратиме во буџетот. Во опшествен план, јавната услуга / инвестицијата ќе биде со слаб квалитет бидејќи за време на имплементација, едното око на надлежните ќе биде затворено за евентуални пропусти и така завршуваме со училиштата, градинките, патиштата, водоснабдувањето и канализацијата што ги имаме. Не ти треба многу памет за да видиш дека борбата за јавно раководство е жестока во рамките на политичките партии, се разбира со единствената идеја за „правење пари“.

Но, потрагично од ова е нашиот менталитет и општествениот пристап кон оваа практика. Овие лидери уживаат висок социјален респект и статус, седат во првите седишта во јавните настани, им се плетат пофалби и честопати се моделите што треба да се следат. Изговорите се различни, но најбанално е тоа народното: Нормално е, да го имаш прстот во мед и да не го лижеш ?! Спротивен е случајот со оние кои не се корумпираат. Тие ги нарекуваме некомпетентни, наивни, мрзливи и луѓе кои неспособни да ја искористат можноста.

Оваа општествена толеранција за корупција произведе брзо и огромно богатство на одредена класа. Затоа, денес имаме судии со приватен парк со автомобили од стотици илјади евра, обвинители со богатство за неколку генерации, извршители со банкарски сметки од милиони, директор на катастар полн со станови, богати министри внатре и надвор од земјата, градоначалници со приватни бизниси. Имаме класа која, пред да му даде шанса и позиција партијата, не претставуваше никаква особена интелектуална или општествена вредност.

Неодамна, „борбата против корупцијата“ стана главно ветување на политичарите од целиот Западен Балкан, вклучувајќи ја тука и Северна Македонија. Но, дали корумпираните можат да се борат со корупцијата? Борбата против корупцијата мора да започне на највисоко ниво и затоа ќе мора да почекаме одредено време за тоа. Но, што можеме да сториме во меѓувреме? Може ли граѓаните, без моќ, да се борат со оваа практика? Што може да направи еден наставник, доктор, земјоделец, новинар, студент за да се спротивстави на ова зло?

 

Може, и тоа секој од нас да победи мала битка во оваа голема војна за нашето заедничко добро. Ние, граѓаните, мора да го градиме нашиот општествен интегритет со тоа што ќе одбиеме да го храниме овој систем како што до денес сме го храниле , почнувајќи од едноставниот принцип: да ја направиме вистинската работа дури и кога никој не не гледа. Иако ова може да звучи наивно, утописко и ослободувањето од овој систем изгледа невозможно, но колку повеќе го спроведуваме законот и стануваме одговорни граѓани, толку е помал бројот на оние што го придржуваат. Борбата против корупцијата, како и секоја друга војна, бара храброст, жртва, но и решеност.

 

Еве неколку практични примери на некои „јавни тајни“ на корупцијата:

 

– Кога ќе ви побараат 300 евра за да го положите тестот за возачка дозвола, не им давајте, туку пријавете ги во надлежните органи. Најмногу што можете да жртвувате е да не ја добиете дозволата за период од 3-4 месеци, која веќе не сте ја имале. Ако надлежните органи не дејствуваат за прв пат, ќе ги пријави уште еден друг, и еден трет додека јавниот притисокот не стане толку голем што надлежните ќе мора да дејствуваат.

 

– Ако лекарот ви побара 500 евра за да ви биде извршена соодветна медицинска интервенција, дајте му ги, за да го поминете итниот случај, но пак пријавете го. Пријавете го и јавно понижувајте го лицемерот со Хипократска  заклетва.– Доколку професорот побара од вас 300, 500 или 1500 евра да го положите испитот на Медицински Факултет или во кој било друг Факултет, снимајте го и пријавете го на надлежните органи, но и во јавноста за да им ја отстранат  почесната облека која не му припаѓа.

Општесрвениот интегритет значи свесно да не правиме грешки и кога ќе грешиме тогаш да сносиме одговорност за грешката. Пред сè, треба да ги преземеме граѓанските одговорности што се наши, а тоа вклучува да пријавиме кога ние направено неправда, кога ќе ни бараат подмитување.

Иако довербата во јавните институции е генерално мала, особено во институциите во кои се спроведува законот, но кога 70% од младите би се согласиле да плаќаат мито во замена за корист, ова укажува дека проблемот не е само структурен, туку и културен.

Следниот пат не го барајте најлесниот начин да ја завршите работата, туку вистинскиот начин.

„Не сме сиромашни, украдени сме“ беше најсоодветниот слоган што се користеше за време на неодамнешните студентски протести во Албанија. Нека служи како аларм, затоа што без искоренување на корупцијата секогаш ќе останеме сиромашни.

Të fundit