понеделник, декември 11, 2023

ИЗБОРИТЕ ВО КОСОВО МОРА ДА ПРОИЗВОДАТ ВЛАДА ЗА ИСТОРИСКИ ОДЛУКИ

Колку се искрени пристапувањата и што можат да му донесат на политичката сцена во Косово? Која од следниве влади може да го заврши мандатот до крај? Кој е најсоодветниот лик за Косово во наредниот период, која се очекува да го донесе историскиот договор со Белград?

Aвтор Џелал Незири:

Кога косовскиот парламент гласаше за негово распуштање на 22 август, политичката сцена во најновата држава во Европа започна да личи на „меркатос“ во фудбал. Речиси сите партии започнаа со промовирање на нови човечки ресурси од интелектуални кругови, универзитети, граѓанско општество и разни професии и занаети.

Сега кога се очекува заострување на кампањата на изборите на 6-ти октомври, политичките партии во Косово во последните моменти се обидуваат да ги затегнат своите редови за да обезбедат подобар изборен резултат. ПДК на Кадри Весели, ЛДК на Иса Мустафа и ВВ на Албин Кури решија да се натпреваруваат сами, додека ААК на Рамуш Харадинај има коалиција со ПСД на Шпенд Ахмети, додека НИСМА на Фатмир Лимај ќе се натпреварува со АКР и Бехџет Пацоли. Петте натпреварувачи на изборите однапред ги најавија кандидатите за премиер, така што водачот на следната влада ќе се бара помеѓу Весели, Курти, Харадинај, Пацоли и она што се нарекува изненадување -‘Вјоса Османи од ЛДК.

Колку се искрени пристапувањата и што можат да донесат на политичката сцена во Косово? Која од следниве влади може да го тера мандатот до крај? Која е најсоодветната фигура во Косово во наредниот период, која се очекува да го донесе историскиот договор со Белград?

Пред да побараме одговори на овие прашања, мора да имаме предвид дека предвремените избори во Косово се одржуваат само две години по формирањето на коалициската влада ПДК-ААК-Иницијатива (ПАН), или како што беше познато – владата на командантите. На нејзиниот врв беше ставен лидерот на ААК, Рамуш Харадинај, човек чиј мандат на премиер беше прекинат во 2005 година поради поканата за судење во Хашкиот Трибунал. Предвремените избори беа предизвикани од НИСМА на Фатмир Лимај, кој го иницираше поимот за недоверба против владата на ПДК-ЛДК, формирана во 2014 година и предводена од Иса Мустафа.

Значи, по ред ова се вторите предвремени избори, кои дојдоа како резултат на истата причина – неуспехот на владата. Всушност, недостигот на координација помеѓу косовските државни и политичките власти околу конечниот договор со Белград е причината што ја доведе земјата на предвремени избори пред две години, како и сега. Додека во 2017 година владата на ЛДК-ПДК имаше спорови околу спроведувањето на Договорот со Белград за формирање на Здружението на Српските Општини, сега ја имаше неспособноста на претседателот Хашим Тачи да ја води напред агендата, што значеше спроведување на договорот што означуваше „корекција на границите“ помеѓу двете држави.

Така, новите испораки на политичките партии во Косово, или новите членови, може да донесат нов квалитет во косовската политика, но не и поефикасна координација на државните и политичките власти во земјата. Новите членови се чини дека служат повеќе како „сезонски“ политички играчи кои се ангажираат во играта за конкретна придобивка (освен пратеникот или министерот), отколку како актери кои можат да ја променат борбената и кланската филозофија меѓу партиите дури и за поголемите државни прашања, каде што треба да се оставаат настрана тесните партиски интереси.

Во некои случаи, се проценува дека лордовите на косовската политика во голема мерка се обидуваат да ги користат новите членови како „корисни идиоти“ за да соберат што е можно повеќе гласови, а потоа да ги оставаат надвор од партијата како исцедени лимони.

Разбирливо е да се има сомневања во целта на оние кои до објавувањето на изборите во јавното мислење биле познати како непартиски луѓе, а одеднаш или наеднаш да бидат објавени како нови членови во одредени субјекти. Вклученоста во политиката како причина за одбрана на принципите, каузите или дури и идеологиите, нормално се прави за време на процесот на внатрешни избори на партијата, а приклучувањето во предизборната кампања покажува само конкретна зделка помеѓу субјектот и новиот член. Иако досега нема спроведена веродостојна анкета, од кандидатите за премиер се чини дека двајца од нив имаат поголема поддршка во косовската јавност – Вjоса Османи на ЛДК и Албин Курти на ВВ.

Првата се сметаше за изненадување затоа што долго време беше глас на критиката и разумот дури и во рамките на сопствениот субјект, правејќи му опозиција на лидерот Мустафа. Како помошник на претседателот Ибрахим Ругова, а подоцна и како шеф на кабинетот на поранешниот претседател Фатмир Сејдиу, Османи се чини дека е искусен политичар дури и со своите 37 години.

Во меѓувреме, Курти ја замени анархистичката наметка со онаа на кандидат за премиер, но без да реформира многу важен сегмент за Косово – односот со нејзината државност. Поточно, Курти продолжува да одбива да се идентификува со националните (државни) симболи – знамето и химната – инсистирајќи само на етничките албански симболи. Непризнавањето на симболите што се идентификуваат со државата значи да се одбива самата држава, што ја прави трката на Курти за премиер безначајна и апсурдна. Неразумно е да претендираш да ја водиш една држава на која идентитетот не и го признаваш. Истата ситуација е со дел од политичката сцена на албанскиот етникум во Македонија – ја сакаат моќта, но не и државата.

Како политички играчи со искуство, во трката за Премиер со поголема можност можат да бидат и Весели и Харадинај. Особено кога станува збор за пост-изборни пресметки, каде ќе победи оној што ќе формира парламентарно мнозинство, без оглед на бројот на гласови што ги добива на изборите. Без оглед на изјавите и приговорите, по изборите секоја коалиција што ќе произведе легитимна и стабилна влада ќе биде можна. Во овој поглед, не е исклучена можноста за заживување на владата на ЛДК-ПДК, која би вклучувала некои други помали партии

Гласачите ќе бидат тие кои ќе утврдат како ќе изгледаат идните институции и политичката сцена на Косово. Следниот премиер, кој на почетокот на мандатот, треба да донесе некои смели решенија за деблокирање и постигнување конечен договор со Белград, што ќе резултира во меѓусебно признавање на обете држави. Ова ќе биде втора пресвртница за Балканот, по Договорот од Преспа со кој се стави точка на тридеценискиот спор помеѓу Скопје и Атина и ги отвори евроатлантските перспективи за граѓаните на Северна Македонија. / ПСК

Të fundit